Kако да пријавите штета во случај на сообраќајна незгода

284

Сите друштва за осигурување коишто нудат патничко осигурување имаат склучено договори со асистентски куќи во странство кои обезбедуваат 24 часа помош во случај на потреба од итна медицинска помош. Доколку се случи непосакуван настан и корисникот има потреба од помош и совет, треба да се јави на бројот на асистентската куќа наведен во полисата или условите за осигурување.

Треба да се следат советите што ги даваат и да не се презема ништо без претходно одобрение (на пример, предвремено враќање дома, репатриација, трансфер од една во друга болница). Доколку биле користени здравствени услуги без одобрение на асистентската куќа или друштвото за осигурување трошоците ќе бидат делумно надоместени.

Штетата треба да се пријави во рокот за пријавување наведен во условите за осигурување. Најчесто рокот е 24 часа од моментот на случување на штетата. Потребно е да се чува оригиналната документација и оригиналните сметки кои подоцна ќе треба да се предадат во друштвото за осигурување. Пред да се предаде оригиналната документација, се прави една копија што корисникот ја задржува за себе.

Кога штетата не надминува одреден износ определен со условите за осигурување (во повеќето случаи одреден е износ од 150 до 300 евра) износот може да го плати самиот корисник, а друштвото за осигурување го надоместува износот што го платил по враќање во земјата. Доколку износот е повисок за плаќањето ќе се погрижи друштвото за осигурување во соработка со болницата и со асистентската куќа.

Што да правите кога не сте задоволни од начинот на решавање на штета?

Доколку штетата е одбиена или пак корисникот не се согласува со донесената одлука по однос на штетата, има право да се жали до соодветната организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамки на друштвото за осигурување, службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување и Организацијата за заштита на потрошувачи.

Исто, корисникот има право да поднесе жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување исклучиво доколку претходно писмено се обратил до друштвото за осигурување, но притоа не е задоволен од одговорот или ако друштвото за осигурување не одлучило по жалбата во рок од 30 дена од денот на доставување на истата.

Фото: Pexels