Во деновите и неделите пред нас, преминувањето во “домашна канцеларија“ ќе биде вообичаено. Некои вработени ќе работат за прв пат од дома и може да се соочат со проблеми околу организирање на работата и продуктивноста. Сепак, постојат начини да се постигнат добри деловни резултати.
Добра комуникација со шефот
Клучна работа за работа од дома е јасна комуникација со шефот и договарање што точно се очекува од вас. Комуникацијата треба да се одржува секојдневно, а најдобро е со шефот телефонски да се договарате пред и по крајот на работното време.
Однесувајте се како да сте на работа
На пример, само затоа што може да се работи во пижами не значи дека тоа треба да го направите. Треба да создадете работен амбиент и да се однесувате како да се наоѓате на своето стандардно работно место.
Една анкета ви која учествувале 7.000 испитаници покажува дека 65% од испитаниците рекле дека е попродуктивно да работат од дома, наведувајќи ги бенефициите како не прекинување од колегите. Најголема жалба била неможноста да престанат со работа по завршувањето на работното време
Комуникација онлајн или по телефон
Со коронавирусот не се знае колку долго ќе останеме дома. Долгата изолација може да влијае на моралот и на продуктивноста.
Најважно е да го одржите доброто расположение и продолжите да се дружите со луѓето само во изменета форма, онлајн или преку телефон.
Фото: Pexels