Електричните возила во Европската унија ќе го преземат приматот пред возилата со внатрешно согорување уште во 2025 година. Согласно целите на договорот во Париз, пазарот на електрични возила се очекува да достигне 50% до 2030 година, но претставниците на секторот за мобилност се оптимисти дека искористеноста на електромобилите ќе стане позастапена уште порано.
Денес, 308 милиони возила со внатрешно согорување се возат по патиштата во ЕУ. Во меѓувреме, амбицијата на Европскиот зелен договор е да се создадат еден милион точки за полнење на електричните возила до 2025 година (денес има 140.000) и да има 13 милиони електрични возила на патиштата (денес има 975.000).
“Европската комисија истакна дека ние мора да станеме енергетски неутрални до 2050 година со цел да ги исполниме обврските од Парискиот договор. Нашите нацрти ќе бидат вклучени во Европската зелена спогодба од страна на новата Европска комисија. Дел од договорот е електрификација на возилата. Сакаме да поставиме еден милион станици за полнење до 2025 година, а на патиштата треба да има 30 милиони електрични возила“, изјави Филип Вангел, генерален секретар на организацијата за електромобилност.
На прашањето како да ги постигнат тие цели, тој рече дека на некои земји им се потребни повеќе стимуланси, а на другите ќе можат сами да го сторат тоа. Тој дополни за добрата вест дека е европската мрежа станува сè позелена и електричните возила стануваат позелени секоја година. Според него, иако расте пазарот на електрични возила, клуч за успехот е батеријата – клучна технологија. Трошоците за батеријата паѓаат и нивниот пристап се зголемува.
Фото: Pixabay