Google ги зголеми наградите што ги исплаќа за откривање на сериозни безбедносни пропусти во своите производи. Така, наградата за пропусти во Google Accounts од 3.133,70 сега е зголемена на 7.500 долари, за откивање на пропусти во Gmail и Google Wallet наградата е зголемена од 1.337 на 5.000 долари, а најголемата награда за заобиколување на проверка на автентичност и “течење” на информации зголемена е од 5.000 на 7.500 долари.
Програмата за откривање на ранливост е започната во ноември 2010 година, за да се привлечат надворешни истражувачи кои ќе ги бараат пропустите во производите. До сега Google има примено 1.500 извештаи за пропусти кои се прифатени, а преку 250 лица добиле вкупно околу 828.000 долари. Некои од наградените ги донираа парите во добротворни цели.