Како оваа европска земја се бори против коронавирусот без никакви ограничувања и затворања?

270

Ниту полициски час, било какво ограничување на движењето или други рестриктивни мерки, што важат во многу европски земји поради коронавирусот, не се воведени во Шведска.

Причина за тоа е што оваа скандинавска земја се потпира на “одговорноста на секој поединец“. Единствено во изолација во оваа земја се постарите лица.

Во Шведска нормално функционираат училиштата, отворени се сите кафулиња и ресторани, а работи и јавниот сообраќај. Се забрануваат само собири со над 500 лица.

Засега, жителите на Шведска сметаат дека начинот на којшто се однесуваат властите ги задоволува нивните критериуми. Според анкетите, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека одговорот на нивната земја во борбата со коронавирусот е “добро избалансиран“.

Податоците на Агенцијата за јавно здравје на Шведска покажуваат дека 2.272 лица се заразени со овој вирус, а регистрирани се 36 смртни случаи, чија просечна возраст е 82 години.

Фото: Pixabay