На Берзата нови 30 компании

46

1FD87BFBC60EB145A997C9D694C77471Во Македонската берза денес ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата, со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.

На презентацијата на проектот за задолжителна котација ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Елизабета Чингаровска.

Во соопштението од Македонската берза стои дека заедно со новокотираните акционерски друштва, вкупниот број друштва што котираат на Македонската берза АД Скопје од 32 се зголемува на 62 компании.

Со тоа значајно ќе се подобри транспаретноста во нивното работење поради што може да се очекува да се прошири изборот на потенцијалните инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за вложување во финансиските инструменти коишто се тргуваат на берзата.