Ширењето на пандемијата на коронавирус може цените на недвижностите во Дубаи да ги спушти до нивото во 2010 година, предупредуваат аналитичарите на Standard&Poors, пишува Bloomberg.
“Веруваме дека цените на недвижностите се приближуваат кон нивоата на последниот циклус во 2010 година и се дури и пониски кога се пресметува влијанието на инфлацијата, особено ако се земат предвид стимулациите за продажба на недвижнини коишто не се планирани“, се вели во извештајот на Standard&Poors.
Исто така, во извештајот се наведува дека се очекуваат и негативни трендови на вработување во некои клучни сектори како што се туризам и малопродажба.
Во одредена фаза, Дубаи може да се соочи со широк тренд на затворање на компании, или прекини на работи, вклучувајќи и градилишта, што може да ја одложи изградбата на идните недвижнини, стои во извештајот на Standard&Poors.
Фото: Pixabay