Дали саемите ќе се преселат на интернет?

123

Одложувањето и поместувањето на голем број саемски настани во светот поради пандемијата, па и претворање на саемските објекти во привремени болници, во фокусот ги става виртуелните саеми, пишува Екапија.

Експертите сметаат дека предностите на електронските саеми е во тоа што организацијата е полесна и поевтина, нема лимит во однос на бројот на излагачи, проблеми околу распоредот, откажување и слични проблеми, а покрај тоа се отворени нон стоп. Клучната предност на ваквите саем, во овој период, е тоа што нема физички контакт.

Платформите за виртуелни саеми не се некој новитет во западноевропските земји, иако најчесто се користат за саеми за вработување. Сепак, во новонастанатата ситуација, нивната популарност би можела да се зголеми, па и да се прошири и на други видови на саем.

“Смислата на саемите е доста променета. Доколку се земат предвид класичните саеми се подразбира луѓето да доаѓаат и да шетаат по штандовите за да ги запознаат излагачите и нивните производи или услуги, да ја видат конкуренцијата или да направат некој добар договор. За нив виртуелните саеми би можеле да бидат добра замена. Не мора да патуваат во Минхен за да го видат Баум, можат преку интернет да направат истражување и да контактираат четири до пет фирми што им се интересни“, вели Небојша Петровиќ, маркетинг експерт кој пред 14 години во Србија го организираше првиот електронски саем.

Фото: Pixabay