Пандемијата ништо не ѝ може на оваа компанија – за три месеци 5,7 милијарди долари приходи

278

Американската медиумска платформа Netflix одлично се снаоѓа и во услови на пандемија. Милиони луѓе остануваат дома и преку нејзе уживаат во стриминг услугите што ги нуди, пишува The Verge.

Откако почна пандемијата, Netflix забележа 15,8 милиони нови претплатници, што е двојно од 7,2 милиони колку што очекувала. Во овој момент, услугите на Netflix ги користат 182 милиони претплатници од целиот свет.

Кварталните приходи на компанија се позиционираа на 5,77, наспроти очекуваните 5,76 милијарди долари.

“Ние во Netflix имаме среќа што може да понудиме услуга што има повеќе смисла за оние луѓе кои остануваат дома и може да се управува од далечина без да им некои поголеми потешкотии на краток и долг рок. Како и другите услуги за забава, се забележува зголемен број на претплатници“, велат од Netflix.

Фото: Pixabay