Мотивациски цитати од моќни жени

809

Од мотивација никогаш доста… На сите ни е потребна за да можеме полесно да пребродиме одреден предизвик, да решиме некој проблем, да донесеме правилна одлука… Мислите на овие моќни жени ќе ви помогнат да се изборите со стравовите, да ги совладате потешкотиите и да уживате во успехот.

Бидете благодарни на она што го имате, бидејќи на крајот ќе имате повеќе. Доколку се фокусирате на она што го немате, никогаш нема да ви биде доволно – Опра Винфри.

Жена без парфем е жена без иднина – Коко Шанел.

Кога ќе изгубите неколку пати, тогаш ќе сфатите колку е тешко да се победи – Штефи Граф.

Некои повеќе ги сакаат луѓето кога се под опсада од несреќа, одошто кога победуваат – Вирџинија Вулф.

Луѓето мислат дека на крајот на денот мажот е единствениот одговор. За мене, најдобро решение е работата – Принцезата Дајана.

Мора да веруваме дека сме талентирани за нешто и таа работа, без оглед на цената, мора да ја постигнеме – Марија Кири Склодовска.

Многу луѓе се плашат да го кажат тоа што сакаат. Поради тоа, тие не го добиваат она што го сакаат – Мадона.

Ако ги почитуваш сите правила, ја пропуштат целата забава – Кетрин Хепберн.

Фото: Pixabay