Учениците во Јужна Кореја, Јапонија, Кенија и Австралија имаат најкраток распуст од нивните соученици ширум светот, пишува World Atlas.
Податоците велат дека САД имаат најкратка школска година (што е слично како и кај нас), бидејќи учениците тргнуваат на училиште на крајот на август или на почетокот на септември, а на распуст заминуваат на средината на јуни.
Според Националниот центар за статистика во едукацијата, Тајван, Кореја и Јапонија имаат најдолга учебна година, околу 220 денови.
Учениците на Јужна Кореја имаат распуст само во текот на август. Тие најчесто на крајот на учебната година ги чистат училниците и посетуваат други активности. Нивните соученици во Јапонија имаат три мали паузи. Тие мора да носат униформи во училиштата, додатоци, посебни правила за чешлање на косата.
Учениците во Австралија, пак, имаат две недели за одмор, а нивните врсници во Кенија 13 недели.
Фото: Pixabay