Ресторан најде начин за социјално дистанцирање, букиран е до крај на јуни

83

Mediamatic ресторанот во Амстердам каде може да се служат клиентите, почитувајќи ги мерките за социјално растојание во стаклен простор што изгледа како градина на отворено, е веќе целосно резервиран до крајот на јуни, според нивната веб-страница.

Во изминатите два месеци социјалното дистанцирање и другите мерки кои ги донесоа владите ги принудија рестораните, хотелите, баровите и другите индустрии да се затворат за да се спречи ширењето на вирусот.

Ресторанот нуди вегетаријанско мени со четири оброци за гости дури и во време на карантин и социјално дистанцирање. Овој ресторан направи посебни стаклени куќички за сите гости кои се физички одделени една од друга. Засега оваа услуга се нуди само на персоналот и на нивните семејства и пријателите, но резервациите им се пополнети од 19 мај, кога завршува карантинот во Холандија, до крајот на јуни.

Фото: Mediamatic