Скокот од стратосферата од 39 километри висина, на екстремниот спортист од Австралија Феликс Баумгартнер донесе неверојатен приход од реклами. Во само неколку дена тој приход изнесува неверојатни шест милијарди евра. Ваков голем приход до сега не е забележан, ова е прв пат за толку кратко време една компанија на својата сметка добие шест милијарди евра.
Вложените 50 милиони евра донесоа 12.000% поголема добивка за само еден ден, истакна аналитичарот за маркетинг Герхард Хребичек.
Red Bull има намера да има долгорочна корист од историскиот скок. Само за еден ден вредноста на познатата марка Ред Бул порасна од 14 милијарди на 17 милијарди евра. Ред Бул има потенцијал да стане европски Епл.