Кој е Илон Маск и што го прави да биде толку моќен?

563

Како му успеа на едно чудно момче од Јужна Африка да стане најпознат инженер и претприемач во САД? Приказната на Илон Маск е лекција за тоа како неколку едноставни принципи што постојано се следат може да дадат неверојатни резултати, пишува Deutsche Welle.

Роден е во 1971 година во Јужна Африка. Родители му се Меј (манекенка и диетолог) и Ерол Маск (инженер по електромеханика). Целото детство Илон го поминал со “носот“ во книгите и компјутерот. Како мал и интровертен, тој често бил напаѓан од неговите врсници, сè до моментот кога не станал доволно силен за да може сам да се одбрани.

Летото 1995 година, Илон се сели во Силиконската долина. Се запишал на докторски студии по физика на Универзитетот Стенфорд, но се повлекува по само два дена. Неговиот брат Кимбел, кој е 15 месеци помлад од Илон, тогаш дипломирал на Универзитетот Квин и му се придружил во Калифорнија. Тогаш браќата го основале нивниот прв заеднички старт – ап под името Zip2. Во 1999 година, браќата Маск решаваат да го продадат нивниот старт – ап на производителот на компјутер Compaq за 307 милиони долари.

Тогаш Илон сам ја основал интернет компанијата за финансиски услуги X.com. Негов главен конкурент била компанијата Confinity, која ја основал Питер Тиел. Двете компании се споија една година подоцна и го преземаа името од својот главен производ – PayPal, услуга за пренос на пари од едно на друго лице. eBay го купи PayPal во 2002 година за 1,5 милијарди долари.

На 31 година, Маск, кој беше најголем акционер во PayPal со 11,7% од акциите, располагаше со богатство од 165 милиони долари.

Компаниите во коишто Илон бил (со)основач, почнувајќи од PayPal, преку SpaceX и Tesla Motors, тој го ризикувал целото богатство што го имал за да реши три егзистенцијални проблеми: климатските промени, ризикот од зависност од една планета и ризик од застарување на човечкиот вид. Тоа значи дека преку неговите компании се обидува да развие чист транспорт на електрична енергија (Tesla Motors, Solar City и The Boring Company). Илон смета дека човештвото на долг рок е загрозено доколку остане ограниченo на животот само на една планета. Од таа причина го развива концептот преку неговата SpaceX. Исто така, Илон е убеден дека вештачката интелигенција може да стане голем егзистенцијален ризик за иднината на човештвото. Па, поради тоа во 2015 година, ја основал непрофитната организација OpenAi за развој на таканаречена пријателска вештачка интелигенција.

Сепак, Илон не е совршен и непогрешлив. Тој создава извонредни идеи, но според некои негови поранешни вработени, Илон е многу тежок за работа. Работи по 80 часа неделно, а очекува таква пожртвуваност и од неговите колеги.

Иако често пати дава контроверзни изјави што ја “брануваат“ јавноста, сепак не може да се спори неговиот талент и стручност.

Фото: Instagram