Колку заработи земјава од извоз на лубеници?

Македонија е 36-та земја во светот по извоз на лубеници во светот, покажуваат податоците на World’s top exports. Минатата година земја направи извоз на лубеници од 2.147.000 долари, што е 36% повеќе од 2018 година.

Вкупно, во светски рамки лани беше направен извоз на лубеници во вредност од 1,55 милијарди долари, а 30,5% од тој износ отпаѓа на Шпанија, којашто заработи 473,9 милиони долари.

Зад Шпанија, меѓу првите пет најголеми извозници се и: Мексико (143,8 милиони долари), САД (115,3 милиони долари), Италија (109,3 милиони долари) и Мароко (98 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Грција (седмо место) со извезени лубеници во висина од 63 милиони долари. Зад нејзе се: Албанија (4,8 милиони долари), Бугарија (3,2 милиони долари). Помал извоз од нас имаат: Хрватска (1,4 милиони долари), Србија (еден милион долари), Словенија (701.000 долари) и Црна Гора (307.000 долари).

Фото: Pixabay