Повеќе од два милиони активни мобилни телефони во Македонија

40

texting_hand-100012458-largeМинатата година во Македонија имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за 1% во однос на 2011 година, стои во Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.

Лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25%, каде вкупниот број корисници бил 408.318.

Според извештајот на АЕК, бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет, бил 312.272, што е пораст од 10,59% во споредба со 2011 година.

Од нив 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.976 биле приклучени преку јавни комуникациски мрежи и 16.877 преку ЛАН мрежи.

Приходите на пазарот на електронски комуникации во Македонија лани изнесувале 22,5 милијарди денари што е намалување за 5,26% од претходната година.

Во сегменетот на фиксните телефонија најголем удел има Македонски телеком со 65,34%, ОНЕ со 15,44, Близу со 8,97, Аикол 4,88 и Неотел 3,95.

Во мобилната телефонија Т-Мобиле има пазарен удел од 47,95%, ВИП 28,24 и ОНЕ 23,81%. Повеќе од половина, односно 61,27% се припејд корисници, додека постпејд се 38,73%.

Бројот на корисници на интернет преку 2Г и 3Г мрежи е зголемен за 35,44% и изнесува 505.596.

Бројот на корисници на ТВ услуги изнесува 278.140 и е за 10,56% повеќе од 2011 година. Најмногу користат кабелска телевизија 172.835, а ИПТВ 66.541, каде е забележан најголем раст од 65,82%. И во овој дел лидер е Македонски телеком со 23,92%, пред Роби со 22,10, Близу со 20,26% и ОНЕ со 13,47%.