Објавен оглас за отворање на нови е-продавници

50

why-e-commerceМинистерството за информатичко општество и администрација објави повик за избор на најдобри е – продавници.

За најдобрите претприемачи, кои ќе победат со своите бизнис планови, ќе биде обезбедена веб страница и едногодишно бесплатно хостирање.

Петте веб продавници кои ќе покажат најдобри резултати во работата во текот на првата година ќе бидат дополнително наградени со бесплатно хостирање во втората година и дополнителен електронски каталог за 50 производи.

На огласот, право да конкурираат имаа сите државјани на Македонија и правни лица регистрирани за вршење трговска дејност во Централниот регистар.

Претставници на бизнис коморите, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за економија и експерти ќе одлучуваат за победниците. Бизнис плановите ќе се оценуваат според оперативен план, дистрибуција и цени, маркетинг план, проекција на финансиски план, иновативност на идејата, ризици, извор на финансирање и практичната изводливост на идејата.

Комисијата ќе го следи и работењето на веб продавниците во текот на првата година.

Сите заинтересираните ќе треба да достават копија од лична карта за физичко лице или документ за регистрирана дејност за правно лице, формулар за искажување интерес, изјава за искажување интерес и бизнис план до Министерството за информатичко општество и администрација, најдоцна до 15 јули годинава.