Извозот на масло од канабис во светот минатата година достигна вредност од 2,9 милијарди долари, што е пад од 2,7% во однос на 2018 година. Во 2019 година, увозот на масло од канабис достигна ниво од 3,1 милијарди долари или 1,3% помалку во однос на една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.
Бројките за нашата земја покажуваат дека од земјава лани е извезено вакво масло во вредност од 30.000 долари или 31,8% помалку во споредба со 2018 година. Во однос на увозот, земјава е 75-та во светски рамки со увезено масло од канабис во вредност од 861.000 долари или 35,4% повеќе во однос на 2018 година.
Пет најголеми извозници на масло од канабис во светот лани беа: Кина (964 милиони долари), Индија (320,8 милиони долари), САД (309,7 милиони долари), Германија (229,8 милиони долари) и Шпанија (190,5 милиони долари).
Од регионот, најголем извозник на масло од канабис лани беше Словенија со заработка од над 19 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (3,1 милион долари), Србија (1,8 милиони долари), Грција (1,5 милиони долари), Хрватска (506.000 долари) и Албанија (68.000 долари).
Во текот на 2019 година, најголеми увозници на масло од канабис беа: САД (893,2 милиони долари), Германија (240,9 милиони долари), Јужна Кореја (207,7 милиони долари), Јапонија (155,8 милиони долари) и Франција (152,7 милиони долари).
Словенија, од земјите во регионот, освен што е најголем извозник, оваа земја лани имаше и најголем увоз од 15,3 милиони долари. Следни се: Грција (7,3 милиони долари), Бугарија (5,9 милиони долари), Хрватска (1,8 милиони долари) и Србија (1,3 милиони долари).
Фото: Freepik











