Официјалните лица во Брисел донесоа одлука за тоа на кои земји ќе им биде дозволено да влезат во ЕУ од први јули, а за Македонија сè уште нема одлука.
Се очекува одлука да има во следните денови за македонските граѓани дали ќе им биде дозволено да патуваат во земјите од ЕУ зоната откако ќе се отворат границите на први јули.
Постојат два листи, едната за оние кои ќе бидат на позитивниот список и другата за оние кои не се на неа, а на први јули е предвидено да се отворат меѓународните граници на блокадата, пишува Еуроњуз.
Сепак, изворите на Еуроњуз се сомневаат дека границите ќе бидат отворени на први јули.
Граѓаните на Србија, БИХ, Косово, Турција и Албанија можат во ЕУ после први јули, додека не можат од Русија, САД и Бразил.
Инаку, нашата земја денеска ги отвори сите граници без ПЦР тестови и без задолжителен карантин.
Фото: Pixabay