Сарачини на економски форум во Санкт Петербург

67

sankt-peterburg27Министерот за економија Ваљон Сарачини, денес ќе присуствува на Меѓународниот Eкономски Форум во Санкт Петербург, Русија.

На форумот учество ќе земат претставници на меѓународната бизнис заедница, политичката и економската елита на светот.

Околу 5.000 учесници од целиот свет ќе разговараат на тема Перспективите на глобалната економија и патиштата за постигнување на економски раст.

Ќе се разговара и за светските економски политики, стимулирањето на инвестициите и забрзувањето на растот на економијата, управување со државниот долг, реформите во меѓународниот финансиски систем, развојот на енергетскиот пазар и зголемување на светската трговија.

Во рамките на форумот министерот Сарачини ќе оствари поединечни средби со инвеститори, како и со колеги министри од повеќе земји.