T-Home ја збогати својата понуда за приватните и деловните корисници на фиксна линија, кои се веќе префрлени на новата платформа целосно базирана на интернет протокол, со што за прв пат им овозможи на овие свои корисници, кои немаат интернет пристап, да можат веднаш да се поврзат на широкопојасен интернет.
Тоа значи дека отсега, корисниците на услугите на T-Home коишто имаат телефонски приклучок префрлен на новата интернет платформа со интегриран уред за пристап (рутер), можат во секое време да се поврзат на интернет така што ќе се јават на 142 300 и ќе ја активираат новата услуга Интернет на барање.
Услугата Интернет на барање се активира веднаш и за неа не е потребна дополнителна инсталација на опрема или склучување на нов договор, а има неограничен интернет сообраќај. Сумата, пак, од 99,00 денари со ДДВ, колку што чини користењето на услугата за 24 часа, пристигнува на месечната сметка за надомест за телефонскиот приклучок.
Оваа услуга е особено поволна за корисници на кои им е потребен интернет за само неколку дена во месецот, особено за викендички и викенд станови.
Брзината на интернет пристапот во рамки на услугата достигнува до 2 Mbps (мегабајти во секунда) при доунлодирање на податоци и 512 Kbps (килобајти во секунда) при аплоудирање на податоци. По надминувањето на 5 GB (гигабити), брзината се намалува до 256 Kbps / 256 Kbps.
Услугата Интернет на барање може да се активира и на бакарен и на оптички
приклучок и тоа доколку корисникот нема активна интернет услуга како Call & Surf, MaxADSL, 3 Max, Office Complete или Optic.
Според нашите сознанија, ова е прва услуга во свет со која корисници кои немаат интернет можат да се поврзат на фиксен широкопојасен интернет дома, буквално веднаш кога ќе им затреба и да платат толку колку што ќе го користат.
Информации за услугата Интернет на барање се достапни и на www.telekom.mk и www.t-home.mk.