Кој е Мате Римац?

1051

Иако има само 32 години, неговото име е веќе добро познато не само во автомобилскиот свет, туку и меѓу светската елита. Мате Римац е сопственик на Rimac Automobili, компанија што произведува електрични автомобили, но е препознатлива по својот иновативен и успешен концепт.

Римац е роден во 1988 година во Босна и Херцеговина, но кога има три години, неговото семејство се пресели во Германија, каде што работел неговиот татко. Семејството Римац се враќа во Хрватска во 2000 година. Во последната година од своето образование, младиот Мате развива ракавица, што има исти команди како и тастатура за компјутер. Тој освојува многу награди за својата иновација, а кога имал 18 години купува BMW 323i од 1984 година. Кога му се расипал моторот, Мате одлучил да го замени со електричен, така што купил делови преку интернет и сам ги споил. Иако неговиот напредок не бил огромен, тој бил задоволен од резултатите и подоцна изјавил дека електричниот 323i бил тежок, не многу моќен и имал лимитиран домет. Од таа причина, Мате одлучува сам да развива делови за електрични автомобили и ја основа Rimac Automobili со 20-тина вработени во 2009-та година.

Денес во Rimac Automobili работат околу 400 лица, а тој број има тенденција на раст. Освен со автомобили, Римац развива и произведува и електрични велосипеди под брендот Greyp.

На оваа мала компанија, како што пишува AutoRepublika, никој не ѝ обрнувал внимание, сè до Салонот за автомобили во Франкфурт во 2011 година, кога го претстави Rimac Concept One. Компанијата помина две години во негов развој и патентираше 24 иновации за електрични автомобили.

Мате тогаш најави сериско производство за 2013 година, по почетна цена од 980.000 долари лимитирана продажба од 88 автомобили. До денес, Римац испорача шест милиони примероци и дополнителни два од модифицираниот Concept S.

Во едно интервју, Мате Римац изјави дека негова цел не е да произведува готови автомобили, туку само компоненти што потоа други производители би ги вградувале преку лиценца.

Инаку, Мате Римац го носи приматот на еден од најбогатите луѓе во Хрватска.

Фото: Facebook