Од ѓубре направи империја вредна пола милијарда долари

658

Инспирацијата може да се појави во било кој момент. За Брајан Скудамор, 50-годишен милионер, основач на компанијата 1-800-Got Junk?, тој момент се погодил додека чекал помфрит, пишува CNBC.

Во 1989 година, Скудамор имал 19 години и го напуштил училиштето, размислувал за колеџ, додека бил во потрага по привремена работа којашто ќе му помогне сам да го финансира образованието.

Таткото на Скудамор, инаку хирург за трансплантација на црн дроб, бил толку многу разочаран што неговиот син се откажал од училиштето, па му рекол дека ќе мора сам да се финансира ако реши да го продолжи образованието. Тоа на Скудамор му дало поттик да го почне сопствениот бизнис.

Еден ден, додека чекал ред во автомобилот за McDonald’s во Ванкувер, тој забележал стар камион со натпис на фирма за отстранување ѓубре. Оттогаш решил дека и тој може да го работи тоа. Во рок од седум дена, ја вложил целата заштеда од околу 1.000 долари ја вложил во отворање сопствена фирма за одлагање отпад, што на почетокот била наречена The Rubbish Boys.

Во првата година, заработил околу 1.700 долари што му биле потребни за покривање на школарината на колеџ. Оттогаш Rubbish Boys прераснува во 1-800-Got-junk?, вредна 300 милиони долари, што е главен дел од групацијата на Скудамор.

Неговата компанија управува со франшизи за отстранување отпад на околу 160 локации во САД, Канада и Австралија под групацијата 02Е, за која велат дека вреди пола милијарда канадски долари.

Фото: Freepik