Внимавајте, опасен вирус се шири на Facebook

39

facebook-virusДоколку добиете порака на Facebook во која пишува Hey (вашето име) your Facebook account has been closed или Hi (вашето име) your Facebook account is blocked, немојте да ја отварате затоа што се работи за вирус.

Ако ја отворите пораката се активира програма која ќе ви ја прати следнава порака: Your Facebook connection is now secured! Thank you for your support.

Во моментот кога ќе ја видите пораката вашиот компјутер веќе ќе биде заразен.

Експертите од Avast, производителот на антивирусен софтвер, советуваат доколку вашиот профил е веќе блокиран, да не наседнувате на оваа порака, туку да побарате инструкции на интернет како би го повратиле вашиот профил назад.