Како од срамежливо момче стана еден од најбогатите и најпознати музичари во светот

290

Ед Ширан е планетарно познат пејач и текстописец од Велика Британија, чие богатство се проценува на околу 160 милиони долари.

Триесетгодишниот Ширан потекнува од британско семејство во коешто се ценела уметноста. Најпрво свирел виолончело, но на 11 години почнал да свири на гитара, откако на телевизија го видел Ерик Клептон. Два дена подоцна, неговите родители му купиле гитара на старо и почнал сам да учи да свири.

“Кога имал 13 години, ми кажа дека сум единствен човек кој свири гитара подобро од него. Секогаш беше самоуверен. Но, тоа беше случај само со гитарата. Во училиште беше многу срамежливо, најмногу затоа што пелтечеше. Не беше тоа толку сериозен проблем, но беше доволен за да избегнува било каква прилика да зборува пред луѓето“, рече Кејт Крикант, професор по гитара.

Пелтечењето Ширан успеал да го надмине со рапување и тоа албумот на Еминем The Marshall Mathers LP, којшто го добил од неговиот татко.

Во 2004 година, родителите му купиле мини студио, каде што почнал да снима музика, па за помалку од еден месец го направил и првиот албум со 14 песни. Настапувал во локални кафулиња и клубови, но едвај чекал да замине во Лондон каде што сакал да ја гради својата соло кариера.

Ширан победил на натпреварот The Next Big Thing каде што освоил награда од 1.000 фунти и турнеја со Џеј Шон. Потоа почнале да се редат настапи, а останато е веќе историја. Пишувал песни за One Direction, Snow Patrol, Тејлор Свифт…

Меѓу 10-те најбогати се Ријана, Елтон Џон и Мик Џегер, а богатството на Ед Ширан е исто како и на Род Стјуарт и Стинг.

Познато е дека Ширан голем дел од своето богатство го инвестира во вили и станови низ Велика Британија, коишто ги изнајмува.