Hult International Business School, во партнерство со EAC (Образовно информативниот центар) во Скопје нуди можност за стипендии на студентите кои ќе се пријават за Hult international Master програмите за студирање, најдоцна до 15 јули 2013 година.
Стипендиите ќе бидат доделени врз основа на академскиот успех, бизнис вештините и потенцијалот за лидерство. Поради ограниченоста на сумите, заинтересираните студенти треба да аплицираат за стипендиите и финансиската помош најбрзо што можат.
За аплицирање во Hult бизнис школата потребно е да се поднесат следниве документи: онлајн прашалник CV и да се уплати такса од 150 долари, онлајн или преку кредитен транфер.
По истекот на крајниот рок студентите треба да поднесат: Лична изјава, Универзитетска диплома (доколку се уште студираат, тогаш записи од последните две години), две писма со препорака, TOEFL сертификат, IELTS диплома, резултати од Pearson или Cambridge тест (First или Advanced), додека GMAT резулатати ќе бидат барани во одредени програми.
Македонските студенти преку оваа понуда ќе можат да обезбедат до 40% од сумата за школување и финансиска помош или изразено во бројки 12.000 британски фунти (14.073 евра).