Расте продажбата на паметни часовници

73

Пазарот на паметни часовници забележа скок од 20% во првото полугодие од 2020 година и покрај пандемијата што го зафати целиот свет. Најголем удел во продажбата имаат пазарните лидери: Huawei, Garmin и Apple.

Од почетокот на годината се продадени околу 42 милиони паметни часовници што е 20% повеќе во споредба со истиот период лани. Apple го држи лидерското место и најголем пазарен удел од 51,4%. Garmin е вицешампион со удел од 9,4%, додека на трето место се најде Huawei, истиснувајќи го Samsung од првите три места.

Најголем дел од продажбата на паметни часовни отпаѓа на Индија, каде има раст од 57% во споредба со истиот период лани. Во Европа има 9% повеќе продадени паметни часовници одошто во првото полугодие од 2019 година, додека во САД тој раст достигна 5%.

Фото: Freepik