Милијардерот Брансон вели дека оваа книга треба да ја прочитате веднаш

84

Ричард Брансон, основач на компанијата Virgin, е страстен читател. За да ја сподели својата љубов кон книгите, Брaнсон неодамна се здружи со стартапот Literati за да води клуб на читатели.

Секој месец, претплатниците ќе добијат по еден наслов што многу влијаел на Брансон, како и пристап до апликација преку која[to тој ќе зборува за тоа што му значи конкретната книга. Проектот започнува во октомври, но Брaнсон ексклузивно го сподели својот прв избор со Inc.com пред лансирањето.

Станува збор за книгата Mandela’s Way, чиј автор е поранешниот уредник на Time, Ричард Стенгел и претставува 15 основни животни лекции засновани на скоро три години интимни разговори што ги водел со јужноафриканскиот лидер додека работел со него на неговата автобиографија.

Брансон објасни дека 2020 година е совршена година за избор на книги исполнети со оптимизам. Книгата, продолжува тој, длабоко ги обликувала неговите ставови како лидер.

“Го зедов за првпат затоа што мислев дека приказната на Мандела е неверојатно возбудлива и сакав да дознам повеќе. Тој редефинираше што значи да се биде голем лидер. Тој го научи светот за моќта на простување и важноста да се однесува подеднакво со сите“, пишува Брансон.

Фото: Freepik