Принцот Хари и Меган потпишаа договор со Netflix

62

Принцот Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, потпишаа неколкугодишен договор за телевизиски серии, филмови и детски емисии со Netflix, што е прв чекор кон нивната кариера надвор од кралското семејство, пишува Гардијан.

Сега веќе поранешната кралска двојка неодамна се преселија во Санта Барбара, Лос Анџелес, каде што живеат и други познати личности, како што е поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга.

“Нашиот фокус ќе биде ставен на информативни содржини. Како млади родители, важно ни е и создавање на инспиративни семејни програми“, соопшти двојката.

Меган и принцот Хари рекле дека се преселиле во Калифорнија каде што сакаат да работат нешто што е важно и има смисла, а планираат да ја основаат непрофитната организација, што ќе го носи името Archewell. Тоа доаѓа од грчкиот збор Arche што знаци акција исто како и нивниот син Арчи.

Фото: Facebook