Секојдневно преку Google Maps се преминуваат над милијарда километри во повеќе од 220 земји и области во светот. Штом влезете во автомобилот или на мотоцикл, ја активирате навигацијата, веднаш добивате неколку важни информации: по кој пат да се движите, дали има метеж на таа рута и времето за кое се очекува да пристигнете на посакуваната дестинација.
Иако ова изгледа едноставно, зад тие податоци стои сложен процес.
Google открива неколку детали околу тоа како се доаѓа до овие податоци. Компанијата користи машинско учење и податоци за сообраќајот што се собирани со текот на годините. Тие податоци се анализираат и оттаму се добива информација за просечната состојба на патиштата во одреден дел од денот.
Google ја комбинира ситуацијата во реално време, користејќи вештачка интелигенција за предвидување на времетраењето на патувањето.
Фото: Freepik