Apple објави дека ќе ги направи двата најголеми паркови на ветерници на светот, во Есбјерг, Данска, а сè со цел на инвестирање во обновлива енергија.
Apple соопшти дека 200 метри високите турбини би требало да произведуваат 62 гигават час енергија секоја година, што според соопштението на оваа компанија е доволно да напојува речиси 20.000 домови. Тие ветропаркови ќе послужат и како експериментален полигон за ветротурбини на иднината, пренесува SEEbiz.
Струјата којашто ќе се произведува во Есбјерг е наменета за центарот за податоци на Apple во Виборг на северозападот на Данска. Со помош на тој дата центар, функционираат App Store, Apple Music, iMessage, Siri и други сервиси во Европа.
Минатиот месец, Apple објави дека сака да стане компанија што во работата на своите центри не ја користи карбонската енергија до 2030 година, а инвестицијата во ветротурбини би требало да ѝ помогне на компанијата на тој пат.
Фото: Freepik