На сите им даде минимална плата од 70.000 долари, а ова се последиците од неговата одлука

Пред пет години, претприемачот Ден Прајс, реши да си ја намали платата од еден милион долари годишно на 70.000 за да може на сите свои вработени да им исплаќа 70.000 долари. После пет години, овој сопственик на компанија за финансиски услуги Gravity Payments, ги откри последиците од неговата одлука на социјалните мрежи.

“Кога воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во мојата компанија во 2015 година, Раш Лимбо (политички коментатор) рече:

“Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на студии на МБА програмите за тоа како социјализмот не функционира бидејќи ќе пропадне. Оттогаш нашата компанија е тројно зголемена, а денес сме предмет на студии на Харвард“, напиша Прајс.

Во неговата компанија 70% од вработените ги исплатија долговите, десет пати порасна бројот на децата на вработените, а заминувањето на вработените е преполовено.

Откако ја воведов таа плата, секој ден добивам лути пораки од луѓе кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. Тажно е што сме воспитани да ги понижуваме другите, наместо да го доведуваме во прашање системот што нè понижува “, напиша тој.
Во февруари, тој за BBC Money изјави: “Луѓето гладуваат, ги отпуштаат или експлоатираат, за некој да може да има пентхаус на врвот на зградата во Њујорк со златни столчиња. Цело време како општество ја величиме алчноста во нашата култура“ истакна Прајс.