Сам свој газда: Тинејџерка реши да ја “надмудри“ короната

550

Ејми Харис (18) од Велс, завршила школо за козметичари ова лето и планирала да се вработи, но пандемијата ѝ ги поматила плановите. Салоните во Велика Британија сè уште работат отежнато, односно постепено се отвораат, а работните места се  “затворени“ за оние кои немаат искуство, пренесува BBC.

Затоа, Ејми реши да ги преземе работите во свои раце и да отвори салон за убавина во задниот дел на нејзината куќа, односно градината. Како што вели, тоа било идеја на нејзината мајка, а нејзиниот татко завршил поголем дел од работата.

На почетокот, таа примала клиенти во градината, а потоа  изградиле објект. Салоните за убавина се многу посетени во Велика Британија, а според некои податоци ги има околу 14.000.

За две недели на Ејми и нејзините родители да изградиле мал објект и го опремиле. Енди Харис, таткото на Ејми, вели дека сториле сè за да и помогнат, иако тоа чинело многу, бидејќи таа секогаш сакала да работи за себе.

Фото: Printscreen BBC Video