Хрватската ИТ компанија Infinum со Porsche Digital, подружница на германското Porsche, ја основаа компанијата Porsche Digital Croatia за дизајн и развој на софтвер, вештачка интелигенција и машинско учење, во којашто ќе се инвестираат 10 милиони евра.
Infinum е една од водечките хрватски и меѓународно признати компании којашто се занимава со дизајн и развој на софтвер од основањето во 2005 година, а новата компанија со Porsche Digital ќе биде центар за развој на дигитални технологии.
“Компанијата ќе започне со работа на крајот на септември, ќе биде лоцирана во улицата во Загреб, а во следните три години планираме да вработиме 100 експерти кои ќе развиваат и дизајнираат софтвер, вештачка интелигенција и производи и услуги кои го подобруваат дигиталниот екосистем“, рече извршниот директор и еден од основачите на Infinum, Томислав Цар.
Новата компанија бара инженери, дизајнери, развивачи и слични занимања.
Фото: Facebook