Правило до кое се држи интелигентниот ум, а просечниот човек не го почитува скоро никогаш

650

Тим Кук (Apple) и Џеф Безос (Amazon) ги водат двете највредни компании во светот. Гледано од страна, се чини дека двајцата се карактерно многу различни. Сепак, во работата се исти. И Кук и Безос се познати во нивните компании по нивната фасцинантна практика: тие често го прифаќаат правилото за “непријатна тишина“ (The Rule of Awkward Silence), пишува Inc.

The Rule of Awkward Silence значи: кога ќе се соочите со предизвикувачко прашање, наместо да одговарате, застанете и размислете длабоко за тоа како сакате да одговорите. Тоа подразбира неколку секунди (10, 20 или подолго) тишина, со цел да се избегнат избрзани одговори.
Уште во 2008 година, во една статија во списанието Fortune беше напишано дека Кук честопати правел “непријатни паузи“ на состаноците, до 30 минути. Тој го користи тоа време да ги прочита белешките во тишина, со цел да го подготви најдобриот одговор. Патем, тишината што трае оптимално време ја препорачуваат и експерти од областа на човечки ресурси, кога се во прашање кандидатите за работа. Тие велат дека е подобро да се молчи неколку секунди за време на разговор, отколку да се даде површен и просечен одговор.

Кук и Безос, сепак, не се единствени кои го применуваат ова правило. На Илон Маск честопати му требаат пет до 15 секунди да размисли пред да одговори. На Стив Џобс му биле потребни скоро 20 секунди да одговори на некои напади, со цел да излезе со најпаметниот можен одговор.

Правилото за непријатна тишина отсекогаш било вредно, како средство за емоционална интелигенција, бидејќи ви овозможува да ги балансирате мислата и чувството, наместо едноставно да реагирате врз основа на емоциите.

Фото: Pixabay