Емил Тедески го открива “рецептот“ за пропаст

255

Зависност од само една личност, од само еден производ, од еден пазар, еден купувач… тоа е рецепт за пропаст. Тоа од секогаш беше мојата филозофија, вели првиот човек на Atlantic Group, Емил Тедески.

Со 33 години работно искуство, за себе вели дека и понатаму не може да ја предвиди иднината, но тоа е не е најважното нешто што еден претприемач треба да го направи во вакви времиња, пренесува хрватски 24сата.

“Сè е во процес на промени, постојано. Тоа е единствена сигурна константна во животот и бизнисот. На пример, кога почнував во бизнисот, тргував со хартија за телефакс. Денес, поголемиот дел од луѓето не би знаеле што е тоа, а поминаа само неколку децении. Живееме во време што многу брзо се менува и ние мора да се прилагодуваме“, вели Тедески.

Еден од советите за сите претприемачи е да не се држат сите јајца во иста кошница.

“Зависноста од само една личност, еден производи, пазар или купувач… е рецепт за пропаст. Тоа од секогаш беше моја филозофија. На пример, да имате само еден производ на пазарот, за него утре можеби нема да има интерес, ќе го заменат со конкурентниот или едноставно повеќе не е потребен и што тогаш?“, вели Тедески.

Иако дигитализацијата расте, според него, без човечки допир нема успешен производ.

“Наречете ме старомоден, но сметам дека иако дигитализацијата напредува, а вештачката интелигенција може да размислува само и да направи точен производ според желбите на крајниот корисник, нема да има добра музика, добар филм, добро кафе или чоколадо, ако барем има мал дел човечката фантазија. Тоа е нешто што нè одвојува од машините, можност да се замисли, наспроти компјутерската пресметка“, вели тој.

Фото: Facebook