Илон Маск му порачал на Бил Гејтс дека “не знае ништо”

110

Технолошките магнати Бил Гејтс и Елон Маск ретко зборуваат директно едни за други, иако е познато дека не размислуваат исто за многу работи. Овој пат, сепак, Маск реши да одговори на корисник на Тwitter, кој го праша што мисли за една од изјавите на Гејтс.

Гејтс неодамна зборуваше за електричните возила и иднината на употребата на енергија. Тој смета дека поевтините и поквалитетни батерии ќе ги направат електричните возила и попристапни и попривлечни за клиентите, но истовремено истакна дека се сомнева колку долго можат да траат батериите што напојуваат толку големи возила, особено на подолги патишта.

“Електричната енергија е добра кога станува збор за пократки растојанија, но ни треба друго решение за големите возила кои патуваат подолго време. Без оглед колку е напредна технологијата што се користи за производство на батерии, прашањето е колку се практични електричните возила во такви ситуации“, рече Гејтс.

Тој ги пофали и компаниите кои наскоро ќе претстават целосно електрични камиони – General Motors, Rivian, Bollinger и Ford. Сајбер камионот на Tesla, на пример, не го спомена.

Еден корисник на Тwitter го прашал Маск што мисли за тврдењата на Гејтс, на што добил кратко: “Нема поим“.

Фото: Facebook