Иако зад себе ја оставаме втората декада од 21-от век, некои прашања поврзани со родовата (не)еднаквост е сè уште се актуелни.
Во Македонија во текот на минатата година само 16,7% од високите менаџерски позиции во компании што котираат на берза биле водени од жени. Тоа претставува најнизок процент во последните пет години. Најмногу жени на високи менаџерски позиции во земјава имало во 2014-та година, вкупно 23,6%. Една година подоцна 21,1% од високите менаџерски позиции им припаѓале на жени, додека во 2016-та имале удел од 21,7%. Во 2008-ма година, само 10,3% од високите позиции сместиле жени во управувачки “фотелји“.
Просекот на земјите членки на Европската унија е 28,4%. Најмногу жени на високи менаџерски позиции има во: Исланд (45,9%), Франција (45,2%) и Норвешка (40,2%).
Од друга страна, земји во коишто има најмалку жени на високи позиции во компаниите се: Естонија и Кипар (по 9,4%), Малта (10%) и Грција (10,3%).
Од земјите во регионот, најмногу жени на високи менаџерски позиции има во Хрватска (27%). Потоа следуваат: Словенија (24,6%), Црна Гора (21,1%), Бугарија (18,5%), Босна и Херцеговина (17%) и Србија (15,6%).
Фото: Pexels