Оваа година сè околу мене се промени за еден момент и навистина ме принуди, како и моите колеги, на иновации и да ја искористиме кризата како можност да ја унапредиме нашата работа, вели Ренди Цукерберг, сестра на основачот на Facebook, во своето обраќање на Oslo Business Forum.
“Фактот што и самата излегов до комфорната зона, му влева доверба и храброст дека можам да го направам следниот чекор и да го прифатам ризикот. Ова е непроценлива прилика за оние кои сега почнуваат. Ако сакате да направите чекор напред, сега е вистинско време, бидејќи ако не успеете, тогаш ќе ја обвините пандемијата за тоа. Но, ако успеете, може да направите вистинска пресвртница во животот и кариерата“, порачува Цукерберг.
Иако многумина ја препознаваат како сестра на Марк Цукерберг, Ренди има успешна кариера. Била една од првите вработени во Facebook, а благодарение на Ренди, оваа социјална мрежа ги има видеата во живо преку Facebook live.
“Во април 2010 година еруптираше голем вулкан на Исланд и го запре скоро целиот сообраќај во Европа. Во истиот тој период, Facebook организираше голема конференција на којашто требаше да учествуваат нашите најважни партнери од целиот свет, за да можат од прва рака да ги видат новитети на нашата платформа. Секако, не е баш добро што вулканот ја одбра токму таа недела да еруптира. Имавме само еден или два дена да се обидеме да смислиме што ќе направиме, бидејќи поголемиот дел од нашите партнери заглавија во Европа и не можеа да дојдат, а ние не можевме да го одложиме настанот. Тогаш, мојот тим и јас одлучивме во живо преку интернет да го пренесуваме целиот настан. Тоа беше далечната 2010 година, кога баш и многу содржини не се пренесуваа во живо на интернет… Ја пренесувавме конференцијата цел ден и околу 100.000 луѓе го следеа преносот… Од тој момент се роди и Facebook Live којшто сефа го користат повеќе од две милијарди луѓе ширум светот“, вели Цукерберг, потсетувајќи дека кризата ги принудува луѓето да смислуваат нови начини и решенија, да стануваат покреативни и така да го достигнат патот до успехот.
Таа повеќе не е од тимот на компанијата на нејзиниот брат, но има богата и успешна кариера, се занимава со медиуми, има своја емисија, гостува како говорник на различни форуми и настани во светот.
Фото: Twitter