Скоро 20.000 лица заразани со Ковид-19 во Аmazon од почеток на пандемијата

49

Гигантот во онлајн трговијата, Аmazon соопшти дека 19.816 нивни вработени се заразиле со новиот коронавирус во САД.

Од 1.372.000 вработени во Amazon, 19.816 лица биле позитивни на коронавирусот помеѓу први март и 19-ти септември. Ова е 1,44% и е помалку од односот меѓу општата популација, наведуваат од компанијата.

Аmazon беше под притисок да ги затвори своите магацини среде пандемијата, но компанијата одбра да продолжи да работи за да одговори на барањата на клиентите блокирани дома поради широката изолација.

Компанијата почна да им мери температура на своите вработени, воведе софтвер за социјално растојание и презеде други мерки за безбедноста на својот персонал.

Фото: Facebook