Меѓународна конференција Електрични возила – нови трендови за мобилност

44

electric-cars-shutterstock_97542779_0Во организација на Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија на Машинскиот факултет во Скопје, денес ќе се одржат првата меѓународна конференција и саем Електрични возила – нови трендови за мобилност.

На настанот ќе присуствуваат гости од Словенија и Бугарија, претставници од Министерството за економија и од МЕПСО, предавачи на Машинскиот факултет, иноватори…

Во фоајето на зградата за моторни возила и Центарот за хомологација при Машинскиот факултет ќе бидат изложени неколку електромобили, како и уникатниот скутер на електричен погон, што е прв пат изработен во Македонија.

Здружението Електромобилност Македонија има за цел да иницира интерес во Македонија за електричните возила преку промовирање на новите трендови во урбаниот транспорт со електрични возила, одржлив транспорт во Македонија и подигање на свесноста за новите технологии.