Фото: Pixabay
Се двоумите дали да дадете отказ, не знаете дали е вистинското време за тоа? Еве неколку совети кои се надеваме дека ќе ви помогнат да одлучите.
Не наоѓате значење во вашата работа
Ако станувањето наутро за на работа ви е проблем и ако работните задачи ги завршувате едвај, давајќи само минимум, на никого не му правите услуга, а најмалку на себе си. Доколку целта на компанијата и одговорноста што вие ја имате таму не се во согласност со вашите вредности и ставови, време е да размислите за ново работно место.
Стресот е веќе видлив на вашето тело
Ако постојано се чувствувате лошо, изнемоштено, тоа е знак дека стресот си го прави своето. Вашиот имунолошки систем реагира на зголемениот притисок во крвта и не работи како што треба. Болки во вратот се исто така индикатор дека работите под стрес.
Не сакате да бидете вашиот шеф
Доколку не можете да се замислите да ја превземете позицијата на вашиот шеф и не чувствувате мотивираност во евентуално унапредување, време е да се преиспитате себе си во однос на тоа што сакате од вашата кариера.
Претпоставените не ве почитуваат
Постои разлика меѓу тежок шеф и опасен шеф. Тешкиот шеф не дава јасна насока но, дозволува да направите нешто во однос на подобрување на вашата ситуацијата. Опасниот шеф користи тактики на омаложување и ќе ви ја отежне и така тешката ситуација на работното место, па подобрувањето на нештата ќе оди навистина тешко.
План за иднина
Можеби лесно ќе ја оставите работата, но што е следно? Не препуштајте се на шансата и случајноста. Направете детален план за тоа што следно ќе правите откако ќе дадете отказ. Најдобро е веќе да постои работа која ве чека или да имате обезбедено доволно финансии, доколку сте во потрага по следното работно место. Во меѓувреме дадете си оддишка и обидете се да уживате во слободното време.