Деведесет и четиригодишната Кралица Елизабета Втора располага со богатство од 600 милиони долари. Иако таа е планетарно позната, многумина сметаат дека таа има огромно богатство, но со “скромните“ 600 милиони долари, таа технички не е милијардерка.
Нејзиното богатство, како што наведува Celebrity new worth, е поделено во две категории: имот што таа директно го поседува и таканаречениот кралски имот (Тhe Crown Estate).
Па така, кралицата поседува замоци во Шкотска, вредно портфолио со акции, неколку уметнички дела и колекција со поштенски маркички. Сето тоа е дел од нејзиниот личен имот.
Од друга страна, Crown Estate е портфолио од недвижнини што не се во сопственост ниту на Кралицата, ниту на владата. Доколку сите тие недвижнини бидат во нејзина сопственост, тогаш нејзиното богатство би се проценило на околу 25 милијарди долари, со што ќе биде една од 50-те најбогати во светот.
Иако не го поседува ова портфолио, Кралицата заработува дел од приходите што ги остварува Crown Estate.
Нејзината снаа од постариот внук, Кејт Мидлтон, која е омажена за принцот Вилијам, има богатство од околу 10 милиони долари.
Пред да стане дел од кралското семејство, Мидлтон работела за модниот бренд Jigsaw, а во 2011-та година работела за семејната компанија Party Pieces.
Фото: Facebook