Земји што се рај за жени претприемачи

245

Пандемијата како нема област во којашто не ги “замеша своите прсти“, па има и негативно влијание и врз жените претприемачи. Податоците покажуваат дека дури 87% од жените сопственички на бизнис ги чувствуваат негативните последици од пандемијата.

Според индексот на женско претприемништво – MIWE 2020, Израел е најдобра земја во светот за жени претприемачки, правејќи скок за три места во однос на 2019 година. Успехот на Израел е резултат на институционалната поддршка на мали и средни претпријатија.

Покрај Израел, вистински рај за жени претприемачи се и: САД, Швајцарија, Нов Зеланд, Полска, Велика Британија, Канада, Шведска, Австралија и Шпанија.

На глобалната ранг листа се најдоа 58 економии што чинат скоро 80% од женската работна сила. Зад нејзе стои Mastercard, којшто по четврти пат објавува ваква ранг листа, на којашто ја нема ниту Македонија, ниту некоја од земјите од регионот.

Според анализата, тоа што жените најчесто работат во сектори, што сега се директни погодени од кризата, дополнително ја усложнува состојбата, бидејќи тие се соочуваат и со поголема одговорност за грижа за семејството, децата и тоа се само дел од факторите што ги прават претприемачките поранливи во услови на глобална пандемија.

Фото: Freepik