Трипати повисок данок на имот да се плаќа за недвижнините кои сопствениците не ги користат ќе се предвиди со нов закон за данок на имот кој наскоро влегува во дебата.
Тоа би значело дека за вториот, третиот и сите останати станови, деловни простории, ниви…, што ги поседуваат граѓаните ќе плаќаат многу поголем данок од оној што го плаќаат за недвижнината што ја кроистат. Ова го најави премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.
“Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите кои имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сè што не е искористено, пред сé од државата. Законот, барем на хартија, подеднакво ќе ги “казнува“ и државата и физичките и правни лица, кои поседуваат имот кој не е во функција. На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во која што се тие. Ако не, нека го продаде или изнајми и нека го стави во функција”, појасни Заев.
Фото: Freepik