Американската армија развива систем со којшто војниците ќе си ги читаат мислите

70

Американската војска не вложува само во нуклеарно оружје и беспилотни летала, туку и во неуро наука. Целта им е да развијат систем што би овозможил телепатска комуникација меѓу војниците.

За развој на таков систем, којшто би ги бележел мозочните сигнали и потоа би ги преведувал и така да овозможи читање на мислите на војниците, војската одвоила 6,25 милиони долари за пет години.

Интенцијата е системот да детектира и знаци на стрес или замор кај војниците. Потоа преку истиот систем да може да се испрати предупредување и да се спречи војниците да се изложуваат на поголем стрес или замор, пренесва Zimo.dnevnik.hr.

Фото: Freepik