Шведскиот произведувач на мебел, ИКЕА ќе отвори 20 помали продажни центри на околу 5.000 метри квадратни ширум Москва, што е дел од стратегијата за придобивање потрошувачи во руската престолнина.
Новите продавници веројатно ќе бидат во близина на метро станиците и другите средства за јавен превоз, за да бидат поблизу до потрошувачите.
“Имајќи ја во предвид специфичноста на Москва, ИКЕА разви мини формат на продавници. Овие таканаречени малопродажни формати, како што се хипермаркети, мали продавници, трговски центри, треба да бидат подеднакво распоредени на територијата на целиот град, за граѓаните на Москва да не мораат да патуваат преку целиот град за да стигнат до нив”, изјави шефот на одделението за трговија и услуги на град Москва, Алексеј Немерјук.
ИКЕА веќе има три продажни објекти во Москва на површина од 30.000 метри квадратни и уште 10 ширум земјата.