Француската централна банка ја намали економската прогноза, очекува пад од 9%

24

Француската економија ќе закрепне следната година кога ќе бидат укинати ограничувањата заради коронавирусот, но не толку брзо како што се очекуваше претходно, објави денеска Банката на Франција.

“Оваа година економскиот пад ќе изнесува 9%, откако втората најголема економија во евро зоната ќе се опорави околу 5% во 2021 и во 2022 година, а потоа растот ќе забави на нешто повеќе од 2% во 2023 година“, се наведува во најновиот извештај на Банката на Франција.

Пред вториот бран, Банката на Франција во септември предвидуваше пад од 8,7% оваа година и раст од 7,4% во 2021 и 3% во 2022 година.

Во извештајот се наведува дека француската економија нема да се врати на пред пандемиското ниво пред средината на 2022 година, а претходно се предвидуваше дека тоа ќе се постигне на почетокот од 2021 година.

Гувернерот на Централната банка Франсоа Вилрој де Гало денес изјави дека прогнозата за закрепнување од 5% за 2021 и 2022 година се заснова на претпоставката дека целосниот ефект на вакцините ќе се почувствува до крајот на следната година.

Фото: Pixabay