Германските власти одлучија да купат 25,1% удел во производителот на воена опрема Hensoldt, за да се блокира странски купувач, наведуваат тамошните извори.
Hensoldt порано бил во рамки на европскиот воздухопловен концерн Airbus, а произведува камери опремени со најсовремена технологија, што се вградува во воени авиони Tornado, радарски системи Eurofighter и тенкови Lepard.
Американската инвестициона компанија KKR го купи Hensoldt во 2016-та година и задржа повеќе од 60% удел во компанијата, откако нејзините акции почнаа да котираат на берза во септември оваа година.
Според Ројтерс, германската влада планира од KKR да го откупи уделот за 464 милиони евра, а целта е да се блокира странски купувач кој сака да ја преземе контролата врз компанијата.
Фото: Freepik