Светската здравствена организација (СЗО) ги повика жителите на Европа семејните божикни празници да ги поминат само со најблиските и тоа носејќи маски, пренесува ВВС.
Со оглед на тоа што стапката на пренос на коронавирусот во Европа и понатаму е висока, СЗО предупредува на “висок ризик“ од нов бран пандемија на почетокот на 2021 година.
Земјите во дел од европскиот континент дневно бележат илјадници нови случаи на заразени и стотици починати.
СЗО ги повика поединците, семејствата и заедницата за време на божикните празници да покажат одговорност и со своето однесување да придонесат за спречување за ширење на заразата
Германија е една од земјите во Европа што од среда ќе имаат построги рестриктивни мерки, вклучувајќи затворање на училиштата и градинките и сите компании и продавници што не нудат најосновни производи.
Фото: Freepik